Прашалник за наставниците – Практика во областа на природните науки, технологии, инженерство и математика (СТЕМ)

Ова е прашалник за наставниците од предметна настава во основното образование и наставниците од средното образование (за ученици на возраст од 10 до 19 години) кои предаваат предмети од областа на природните науки, технологии, инженерството и математиката (СТЕМ), а целта на пополнувањето на прашалникот е да се соберат информации за наставните практики во образованието oд областа нa СТЕМ. Резултатите од оваа студија ќе бидат достапни без надомест на интернет пред крајот на 2018. година и ќе бидат вклучени во Scientix опсерваторијата.
Вие, како наставник по предмети oд областа нa СТЕМ, повикани сте да го пополните овој прашалник и да дадете повратна информација за најмалку еден СТЕМ предмет што го предавате. Ако предавате повеќе од еден предмет oд областа нa СТЕМ, на крајот на анкетата овозможено е наставникoт да достави информации најмногу за уште три предмети oд областа нa СТЕМ кои ги предава, така што повторно одговара само на прашањата од анкетата кои се однесуваат за тие предмети (прашања од 1 до 4).
Под паралелка/клас се подразбира група на ученици кои посетуваат одреден наставен предмет.
Целта на овој прашалник е да се изврши проценка на актуелните практики кои ги примeнуваат наставниците oд областа нa СТЕМ во врска со начинот на организација на наставата. Поточно, прашалникот ги обработува следниве области: педагошки пристапи, видови на ресурси кои наставниците и учениците ги користат со цел полесно предавање и учење на СТЕМ предметите, употреба на ИКТ во процесот на наставата и потреба за специфична обука за наставниците.
Постои можност додатно да придонесете за изработката на оваа студија така што ќе дадете согласност последователно да ве контактираме за да ни овозможите информации за студијата на случаи.
За пополнување на овој прашалник ќе Ви требаат најмногу 20 минути.

Собирање и обработка на податоци
Податоците собрани преку оваа анкета ќе се користат строго во согласност со претходно дефинираните цели. Овој прашалник го поддржа Scientix, заедница за образование во областа на природните науки во Европа, и Texas Instruments Education Technology GmbH, а го разви организацијата EUN Partnership AISBL во соработка со друштвото Deloitte SAS. Сите анонимни подаци собрани преку оваа анкета ќе бидат бесплатно достапни на мрежата (отворен пристап).
Ако сакаат, учесниците на крајот на анкетата можат да достават име и e-пошта адреса, но само ако се заинтересирани да дадат додатни информации врз основа на кои би можела да се изработи студија на случај. Организацијата EUN Partnership AISBL е контролор за овие податоци за личноста. Овие информации нема да се делат надвор од организацијата EUN Partnership AISBL (вашето име и е-пошта адреса, на пример, нема да се делат со друштвото Texas Instruments), ќе се користат исклучиво во согласност со наведената цел и ќе се избришат на крајот на 2018. година. Ако имате било какви прашања во врска со оваа анкета, Ве молиме поставете ѝ ги на Адина Нистор (Adina Nistor) на e-адреса adina.nistor@eun.org .
🡆 Информации кои се однесуваат на поединечните предмети
1.Ве молиме, доставете информации за една паралелка/клас во кој изведувате настава по вашиот СТЕМ предмет.
Ако предметот што го предавате не е наведен во списокот, одберете ја најблиската опција, или, во случај на комбинирани предмети, опцијата која е доминантна во рамките на предметот што го предавате.
(Задолжително.)
Предмет што го предавате
Возраст на учениците
Колку момчиња има во еден клас?
Колку девојчиња има во еден клас?
Колку наставни часа неделно одржувате во рамките на овој клас?
1. клас
2.Кои педагошки пристапи ги користите во наставата и до кој степен во овој клас?
(Задолжително.)
1. клас
Традиционално директно предавање (лекциите се фокусирани на овозможување на содржините од страна на наставникот и на усвојување на знаење од таа содржина од страна на учениците).
Настава со експерименти (експериментите се користат во училницата за да се објасни темата).
Пристап кој се заснова на проект/проблем (учениците се ангажираат во текот на учењето преку истражување на вистински предизвици и проблеми).
Образование во областа на природните науки кое се заснова на истражување (учениците осмислуваат и спроведуваат сопствени научни истражувања).
Колаборативно учење (учениците се вклучени во заедничка интелектуална работа со своите врсници или со наставниците и врсниците).
Врсничка настава (на учениците им се дава можност да им предаваат на други ученици).
Обратна училница (учениците прв пат се запознаваат со новиот материјал надвор од училницата, а потоа часот го користат за дискусија, негирање и примена на идеи или знаења).
Персонализирано учење (предавањето и учењето прилагодени се како би се одговорило на индивидуалните интересирања и аспирации на учениците, како и на нивните потреби при учењето).
Интегрирано учење (за време на учењето се поврзуваат содржини и вештини од повеќе области на предметот).
Диференцирано предавање (активностите на часот осмислени се така да на истите се одговара со неколку различни стилови на учење, способности и подготвеност за учење).
Сумативно оценување (учењето на учениците се евалуира на крајот на наставната единица и се споредува со некоја референтна вредност или стандард).
Формативно оценување, вклучувајќи самооценување (учењето на учениците константно се следи и постојано са даваат повратни информации; на учениците им се дава можност да размислуваат за сопственото учење).
3.До кој степен ги користите следните аспекти на предавањето и учењето (со или без ИКТ) кога го предавате овој клас?
(Задолжително.)
1. клас
Јас ги претставувам и објаснувам научните идеи пред целиот клас.
Учениците работат самостојно со свој ритам.
Учениците истовремено работат сами на вежбите или задачите.
Јас ја демонстрирам научната идеја пред целиот клас.
Учениците изведуваат експерименти.
Учениците дискутираат за идеите со другите ученици и со наставникот.
Учениците донесуваат одлуки за тоа како ќе учат.
Учениците изведуваат сопствени научни студии и истражувачки активности.
Учениците работат во групи, на добро дефинирани задачи.
Учениците меѓусебно соработуваат, работат заедно за да дојдат до решението на проблемите.
Учениците размислуваат за своето учење.
Ги поддржувам индивидуалните ученици и им ги обезбедувам потребните објаснувања.
Користам разни видови на материјали (визуелни, аудио, во писмена форма) на часовите.
Користам содржини од разни предмети кога ги објаснувам научните концепти.
Ги повикувам другите наставници кои предаваат други научни дисциплини од областа на СТЕМ за да ја координираме наставата за одредени заеднички теми.
Организирам посети во музеи/компании, а со цел контекстуализација на научните концепти.
Учениците прават тестови и ги оценуваат.
Им овозможувам повратни информации на учениците во текот на активностите и учењата.
Учениците учествуваат во оценувањето на својата работа и во работата на своите врсници.
Учениците одржуваат презентации пред целиот клас.
Вклучувам уметнички предмети во наставата од областа на СТЕМ за да го зголемам ангажирањето на учениците.
4.Кои ресурси/материјали за учење во моментов ги користите во наставата на овој клас?
(Задолжително.)
1. клас
Материјали во хартиена форма
аудио-визуелни материјали
презентации (MS Power Point, Libre Office Impress, Sway…)
роботи
сензори, уреди за автоматско бележење на податоци
калкулатори
графички калкулатори
работа во лабораторија
Интернет симулации или компјутерски симулации
посебни софтвери за областа на СТЕМ (на пр., Geogebra, Function Plotter…)
збир на податоци / табели за пресметување на податоци (MS Excel, Libre Office Calc,…)
програми за обработка на текст (на пр., MS Word, LibreOffice Write, OneNote, Notepad…)
онлајн алатки за соработка (Padlet, Mentimeter, Tricider, Kahoot…)
ресурси објавени од приватни компании кои работат во областа на СТЕМ
ресурси за учениците со посебни потреби
ресурси за персонализирано/индивидуално учење
🡆 Општ дел за наставата што ја изведувате во областа на СТЕМ
5.Како обично дознавате за наставните ресурси што ги користите на часот?
можете да изберете повеќе од еден одговор
(Задолжително.)
6.Кои ресурси/материјали за учење би сакале да ги користите, но ги немате на располагање?(Задолжително.)
Нема да ги користам
Би можел-а да ги користам
Потребно ми е
Апсолутно ми е потребно
Не е применливо (јас веќе го имам)
роботи
сензори, уреди за автоматско бележење на податоци
калкулатори
графички калкулатори
лабораторија
Интернет симулации или компјутерски симулации
посебни софтвери за областа СТЕМ (на пр., GeoGebra, Function Plotter, Remote Labs,…)
алати за зголемена/виртуелна реалност (вклучувајќи, на пример, виртуелни лаборатории)
ресурси за персонализирано/индивидуално учење
ресурси за учениците со посебни потреби
ресурси кои ги објавиле приватните компании кои работат во областа на СТЕМ.
7.Би сакале училиштата да имаат поголема поддршка од приватните компании кои работат во областите на СТЕМ со цел:(Задолжително.)
Воопшто не
Многу малку
До одреден степен
Доста
полесна организација на посетите на компаниите
професионалците од областа СТЕМ да им држат презентации на учениците во училиштата (во самото училиште или онлајн, преку вебинар)
нудење на работни места на наставниците
нудење на работни места на учениците
Изработка на наставни материјали кои ќе се достапни на училиштата
овозможување пристап до хардверот и опремата на компаниите
професионален развој
финансиска поддршка
🡆 Пречки за спроведување на ефективна настава во областа на СТЕМ
8.Дали нешто од наведеното влијае на вашата СТЕМ настава?(Задолжително.)
Воопшто не
Многу малку
До одреден степен
Доста
Недоволен број на компјутери
Недоволен број на компјутери со интернет пристап
Недоволна ширина на опсег или брзина на интернет
Недоволен број на интерактивни бели табли
Недоволен број на преносни компјутери (лаптоп/ноутбук компјутери)
Училишните компјутери се стари и/или треба да се поправат
Наставниците не се адекватно обучени
Недоволна техничка поддршка за наставниците
Недоволна педагошка поддршка за наставниците
Недостаток на содржина на локален јазик
Недостаток на педагошки модели за тоа како треба да се предава СТЕМ на атрактивен начин
Организација на времето во училиштето (фиксно траење на часовите, итн.)
Организација на просторот во училиштето (големина на училниците и мебелот во нив, итн.)
Притисок учениците да се подготват за испити и тестови
Недоволен интерес на наставниците
Недоволна поддршка за поврзување на содржината на курикулумот за различни предмети од моите колеги во училиштето
Не постојат или не се јасни бенефитите од користењето на ИКТ за наставата на СТЕМ предметите
Користењето на ИКТ во наставата и учењето не е цел во нашето училиште
Административни ограничувања за пристап до адекватната содржина/материјалот за настава
Буџетски ограничувања за пристап до адекватната содржина/материјалот за настава
🡆 Поддршка за наставата на СТЕМ предметите
9.Во вашата земја/регион, обуката за наставници за СТЕМ предметите за предметот што го предавате е:(Задолжително.)
10.Во текот на изминатите две учебни години, дали работевте на својот професионален развој од следниот тип и колку долго?
(Задолжително.)
Колку долго
Како
Воведни курсеви за користење на интернет и општи апликации (основна обработка на текст, табели за сметање, презентации, бази на податоци, итн.)
Напредни курсеви за апликации (напредна обработка на текст, комплексни релациски бази на податоци, Виртуелни опкружувања за учење, итн.)
Напредни курсеви за употреба на интернет (правење на интернет страници/почетни страници, видео конференции, итн.)
Обука за користење на одредена опрема (интерактивна бела табла, лаптоп компјутери, итн.)
Курсеви за користење на ИКТ во педагошки цели во наставата и учењето
Обука за одредени предмети за апликации за учење (туторијали, симулации, итн.)
Курс за мултимедиуми (користење на дигитална видео и аудио опрема, итн.)
Учество во заедниците (на пр. онлајн: мејлинг листи, Твитер, блогови; или лично: работни групи, здруженија…) за дискусии со други наставници за темите во врска со професионалната работа
Лична обука за иновативната настава во областа на СТЕМ во вашето слободно време
Соработка со индустријата со цел сместување на наставата во областа на СТЕМ во соодветни контексти (заедничко развивање на ресурси за учење, пласирање во индустријата...)
Останати можности за професионален развој во врска со иновативната настава во областа на СТЕМ
11.Дали користите компјутер/таблет/паметен телефон и интернет за ажурирање на знаењата од предметот што го предавате или дали работите на личниот или професионален развој во областа на некој предмет (односно, без оглед на тоа дали дадената област е поврзана со предметот кој го предавате или не го предавате)?(Задолжително.)
Воопшто не
Многу малку
До одреден степен
Доста
За активно барање на информации и ажурирање на знаења (наставни ресурси, статии со новитети, итн.)
За учество во курсеви за професионален развој
За учество во онлајн заедници (мејлинг листи, Твитер, Фејсбук, блогови…)
За креирање на нови материјали, без оглед на тоа дали се за лична употреба (на пр., календар, личен веб сајт, сопствен блог) или за настава (на пр., јас креирам сопствени материјали за учење во дигитална форма за учениците).
12.До кој степен добивате поддршка за унапредување на наставата по предметите во областа на СТЕМ?(Задолжително.)
Добивам многу малку поддршка/не добивам поддршка
Најчесто добивам техничка поддршка
Најчесто добивам педагошка поддршка
Добивам и техничка, и педагошка поддршка
Други наставници кои го предаваат истиот предмет
Други наставници кои предаваат некој друг предмет од областа на СТЕМ
Други наставници кои предаваат некои други предмети кои не се од областа на СТЕМ
Координатор за ИКТ/употреба на технологии во училиштето
Експерти вон училиштето (индустрија…)
Онлајн поддршка и помош, онлајн заедница или веб сајт
Други вработени во училиштето
13.Дали вашите колеги и директорот на училиштето ја делат позитивната визија за иновативната настава во областа на СТЕМ во вашето училиште?
Примери за иновативна настава во областа на СТЕМ меѓу другото се: образование во областа на природните науки засновано на истражување, учење кое се заснова на проекти, обратна училница, употреба ИКТ алатки во образованието во областа на СТЕМ, итн.
(Задолжително.)
🡆 Мислења и ставови на наставниците
14.Според вашето мислење, дали иновативната настава во областа СТЕМ (користење на ИКТ и иновативни педагошки пристапи) имаат позитивно влијание на следното:(Задолжително.)
Воопшто не
Многу малку
До одреден степен
Доста
Учениците се повеќе фокусирани на учењето
Учениците повеќе се трудат околу тоа што го учат
Учениците се чувствуваат понезависни додека учат (ако е потребно, можат да ги повторат вежбите, подетално да ги истражат темите што ги интересираат, итн.)
Учениците полесно го разбираат тоа што го учат
Учениците полесно го помнат наученото
Учениците развиваат критичко мислење
Учениците повеќе се интересираат за кариера во областа на СТЕМ
ИКТ ја олеснува соработката помеѓу учениците
ИКТ ја унапредуваат атмосферата во училницата (учениците се поангажирани, помалку ја нарушуваат работата на часот)
15.До кој степен се согласувате или не се согласувате со секоја од изјавите дадени во продолжението за употреба на ИКТ во наставата на предметите во областа на СТЕМ во училиштето?(Задолжително.)
Воопшто не се согласувам
Не се согласувам
Се согласувам
Целосно се согласувам
ИКТ треба да се користи за да можат учениците:

...да прават вежби и и изведуваат пракса
...наоѓаат информации
...меѓусебно да соработуваат
...самостојно да учат
Употребата на ИКТ во наставата и учењето позитивно влијае на следното кај учениците:

...мотивација
...достигнувања
...повисоко ниво на вештини (подобро разбирање)
...компетенција во трансверзалните вештини (учење како се учи, социјални компетенции, итн.)
Употребата на ИКТ во наставата и учењето е од пресудна важност за:

...подготовка на ученикот за живот и за работа
...во 21. век
🡆 Основни информации за наставникот
16.Земја во која работите
(Задолжително.)
17.Вие сте
(Задолжително.)
18.Вклучувајќи ја и оваа учебна година, колку долго предавате (во било кое училиште)?
(Задолжително.)
19.Возраст
(Задолжително.)
20.Колку често користите компјутер, таблет или паметен телефон за активностите кои не се поврзани со работата (на пр., за купување, организирање на фотографии, дружење, забава, резервација на хотел, контактирање со членови на семејството и со пријатели)?
(Задолжително.)
21.Колку вкупно часови одржувате секоја недела?
(Задолжително.)
22.Колку трае часот во вашата земја?
(Задолжително.)
23.Дали сакате да дадете информации за дополнителни еден до три СТЕМ класи кои што ги подучувате освен веќе погоре избраниот?(Задолжително.)
Работата која е претставена во овој документ поддржана е преку програмата на Европската комисија H2020 – проект Scientix 3 (Договор за доделување на грантови бр. 730009), која ја координира организацијата European Schoolnet (EUN). За содржината на овој документ исклучиво е одговорен организаторот и тој не го претставува мислењето на Европската комисија (ЕК), а ЕК не е одговорна за евентуалното понатамошно користење на информациите кои се содржат во него.
Известување за приватност и колачиња