Почитувани,

МиксИТ е интернет платформа која од април 2013 година обезбедува програми за организациско електронско учење сo визија да го поттикнува учењето и јакне организациското знаење поврзувајќи ја технологијата со луѓето. Крајната цел на МиксИТ е развој на човечки капитал во организациите, преку поттикнување и унапредување на иновативното организациско учење.

МиксИТ сега спроведува анализа на клучните трендови врзани за управувањето со работната сила во Македонија за оваа, 2014 година. Притоа, одговорите ги бара од најрелевантните во областа, т.е. директорите и раководители на одделенијата за човечки ресурси на десеттина организации и неколку советници во областа за управување со човечки ресурси.

Задоволство ни е да Ве поканиме да ни одговорите на пар прашања на темата. Вашиот став ќе биде вклучен во публикацијата која ќе биде споделена со Вас и објавена на МиксИТ.

Одговорите на сите прашања не се обврзни.

Ви благодариме на учеството.

Со почит,

МиксИТ

T