За да ја направите анкетава компатибилна со читачи на екран, штиклирајте РЕЖИМ СО ЧИТАЧ НА ЕКРАН .
НАГРАДА: МЛАДИНСКА ПРИЈАТЕЛСКА ОПШТИНА 2026
УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ И СОГЛАСНОСТ
Овој прашалник е дел од националното истражување за овозможувачката околина за младите и формите на младинско организирање на локално ниво преку примена на Законот за младинско учество и младински политики.
Истражувањето го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА, преку Младинскиот Центар Охрид, за потребите на избор и доделување на Награда: Младинска Пријателска Општина 2026.
Награди Младинска Пријателска Општина ќе бидат доделени на вкупно 8 општини (по една во секој плански регион) на Четвртиот Национален Форум за Младинска Работа (Охрид, ноември 2026).
УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ
Прашалникот го пополнува Службеникот за млади, односно лице овластено од Градоначалникот/Секретарот на општината;
Одговорете на сите прашања. Доколку одредена обврска не е исполнета, означете го соодветниот одговор;
На прашањата со ознака „прилог“ задолжително прикачете ја соодветната придружна документација (одлуки, акти, буџетски ставки, програми, извештаи). Одговори без доставен доказ нема да бидат бодувани;
Организаторот го задржува правото да ги верификува одговорите преку јавно достапни извори, дополнителни консултации или посета на општината;
Прашалникот може да го пополните најдоцна до 31 август 2026 година;
Податоците ќе бидат користени за национална споредбена анализа и за постапката за доделување на наградите. Со доставувањето на прашалникот општината се согласува наодите да бидат јавно објавени.
Напомена: Лицето кое ќе биде назначено да го пополнува овој прашалник треба да биде детално запознено со спроведувањето на ЗМУМП и да ги обезбеди во електронска форма сите акти (одлуки, програми, буџет и сл.) пред почетокот на пополнување на прашлникот.