Добредојдовте на формуларот за поднесување на апликација за Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2020 година.
 
Повикот има за цел да ги стимулира жителите на Град Скопје (домаќинствата) за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината.

Апликација може да поднесат жителите кои имаат купено високоефикасен инвертер клима уред во 2020 година почнувајќи од 01.01.2020 заклучно со траењето на повикот - заклучно со 30 ноември 2020 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.

Јавниот повик се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.

Информации за повикот, условите и процесот:
  • Лилјана Стојманова – 071 372 953
  • Александра Димитриеска – 071 240 448
  • Миле Смилевски – 072 912 199
Надворешна техничка поддршка за пополнување на апликацијата.
  • Ве молиме обратете се на subvencii@skopjelab.mk со ваши контакт податоци (телефонски број), доколку имате технички проблеми со прикачување на документите или пополнување на апликацијата. Член на нашиот тим ќе ве контактира.

T