ЗА ШТО СЕ РАБОТИ

Почитуван соработнику,

Нашата компанија Маркет Висион, постојано спроведува истражувања на пазарот на најразлични теми. Од тие причини ни се јавува потреба од ангажирање на надворешни соработници од сите градови на Македонија што ќе вршат анкети на терен и/или преку телефон.

ШТО БАРАМЕ

Бараме соработници кои ќе имаат сериозен и одговорен пристап кон работата, кои се спремни да жртвуваат дел од своето слободно време и ќе бидат исполнителни во поглед на зададените рокови и упатства.

ШТО НУДИМЕ

Нудиме работа во сериозна компанија со богато истражувачко искуство во која можете да стекнете искуство и работни принципи кои би ви користеле во понатамошниот професионален развој.

ХОНОРАРИ

Висината на Вашиот хонорар зависи исклучиво од Вашиот ангажман. Плаќањето се врши по учинок (број на правилно пополнети анкети) додека цената на една анкета зависи од нејзината обемност и комплексност. Колку повеќе се залагате, толку поголем број на анкети ќе завршите и Вашиот хонорар ќе биде повисок.

Question Title

* 1. Дали сакате да станете наш соработник?

T