2.ВОВЕД
Почитувани,
Општина Гази Баба преку Секторот за локален економски развој и европски интеграции го спроведува Анкетното испитување на деловното опкружување во Општина Гази Баба, со цел консултација на мислењето на сопствениците и/или менаџментот на компаниите во општината за деловната состојба и деловното опкружување во Општина Гази Баба, така како што тие ја гледаат. Анкетниот прашалник има за цел да го добие вашато ценето мислење за значајни прашања кои опфаќаат клучни аспекти од работењето на вашите компании.
Што претставува анкетата? Формуларот содржи прашања поврзани со клучни теми за локалната економија и деловно опкружување на Општина Гази Баба – од деловната состојба на компаниите, нивната конкурентска позиција, инфраструктурата, инвестициите, и секако одредени прашања за структурата на компаниите. Вашите одговори ќе ни помогнат во подобра дијагностика на состојбата во локалната економија на Општина Гази Баба, а тоа секако ќе ни овозможи подобро да ги проектираме локалните политики и мерките кои се однесуваат на идниот развој и деловното опкружување во Општина Гази Баба.
Анкетата е анонимна. Не се собираат автоматски лични податоци како име или е-маил. Во согласност со македонските и меѓународните кодекси за однесување во истражувањата, сите ваши одговори ќе бидат третирани со најстрога доверливост.
Кој може да учествува?
Претставници на компании од бизнис заедницата во Општина Гази Баба - сопственици и/или менаџмент на домашни и странски компаниите територијално лоцирани и/или со регистрирано седиште во општината.
Време за пополнување: 10-15 минути
