Истражување за анализа на потребите и приоритетите на ЛГБТИ+ луѓето во Република Северна Македонија
Целта на истражувањето е да точно да се утврди кои се приоритети и најитните потреби на ЛГБТИ+ луѓето во Република Северна Македонија.
Прашањата во анкетниот прашалник се однесуваат на Вашите потреби и приоритети во различни сфери од општествениот живот, како и за Вашето лично искуство и мислење.
Вашето учество е доброволно и вклучува пополнување на анкетен прашалник за што ќе ви бидат потребни околу 20 минути. Имате право да изберете да не учествувате или да се повлечете од истражувањето. Учеството во истражувањето е анонимно и на анкетните прашалници нема да стојат лични имиња ниту друг вид лични податоци.
Можните ризици или чувство на дискомфорт се минимални. Може на одредени прашања да се чувствувате некомотно или засрамено, затоа што може да ги чувствувате како многу лични.
Преку одговарањето на прашањата од анкетниот прашалник ќе ни помогнете да добиеме информации за приоритети и итните потреби на ЛГБТИ+ луѓето во Република Северна Македонија.
Вашите одговори ќе бидат пратени на линк на SurveyMonkey каде податоците ќе бидат чувани во електронски формат заштитен со лозинка. SurveyMonkey не собира информации кои може да идентификуваат лице, како што се лични имиња, email адреса или IP адреса. На таков начин, Вашите одговори ќе останат анонимни. Никој нема да може да Ве идентификува Вас или Вашите одговори и никој нема да знае дали сте учествувале или не во истражувањето.
Пристап до Вашите одговори ќе имаме само ние, како истражувачи.
Издавањето на извештајот кој ќе биде заснован на ова истражување ќе користи само податоци кои се однесуваат на примерокот и нема да Ве идентификуваат Вас или друга индивидуа како дел од ова истражување.
Доколку имате какви и да било прашања во однос на ова истражување, може да не контактирате на нашите e-mail адреси: angelina.s25@yahoo.com и dzugumanovaina@gmail.com
Ви благодариме.

33%