Центар за иновации во Град Скопје

Град Скопје во соработка со УНДП oтвора Центар за иновации во Град Скопје. 
 
Центарот ќе има за цел:
  • да ја подобри комуникацијата на Градот со граѓаните,
  • да ја подобри ефективноста и ефикасноста на јавната администрација
  • да поттикне желба за учество во дизајнирање и креирање на услуги/политики кај двете страни (јавната администрација и корисниците -граѓаните, НВО, бизнис секторот, образовниот сектор)
  • да ги подобри постоечките услуги кои ги нуди градот
  • да поттикне дизајнирање и тестирање на нови услуги/проекти/производи од страна на сите актери
 
Со цел да се одреди првичната насока во која треба да се движат активностите кои ќе ги реализира Центарот, Град Скопје работи на мапирање на потенцијални области/сектори каде има можност за подобрување на испораката и квалитетот на услугите.
Покрај интерна анализа на работењето, Град Скопје сака да го слушне и мислењето на корисниците на своите услуги за што врши спроведување на оваа анкета. 
 
Прашалникот е составен од 10 прашања и за одговарање на истиот ви се потребни мак.10 мин.
Вашите одговори се анонимни и се од големо значење за успешно функционирање на Центарот и неговата одржливост.
 
Доколку ви се потребни повеќе информации околу работата на Центарот за иновации, слободно контактирајте не. Центарот е отворен за соработка со вас во секое време.
 
 
Со почит,
Центар за иновации на Град Скопје

Контакт лице: Софија Богева, консултант за иновации 
емаил: sofijabogeva@gmail.com
тел. +389 76 496696

* 1. Колку сте информирани за услугите кои ги нуди Град Скопје и активностите кои ги реализира?

  Одлично сум информиран/на Задоволен/на со информациите Делумно сум информиран/на Не сум информиран/на
Aктивностите кои ги спроведува градот
Услугите кои ги нуди

* 2. Од каде ги добивате информациите поврзани со Град Скопје?

* 3. Кои од услугите кои ги нуди Град Скопје до сега ги имате користено?

* 4. Колку сте задоволни од користење на услугите на Град Скопје:

  Многу задоволен/на Задоволен/на Неутрален/на Делумно задоволен/на Не сум задоволен/на Не сум ја користел/ла услугата
Даночни услуги
Имотни услуги
Автотакси лиценци
Услуги од областа на угостителство
Услуги од областа на урбанизмот и градежно земјиште
Услуги од облaста на животна средина
Услуги за уредување на просторот и зеленилото
Услуги од областа на социјалната заштита
Комунални услуги
Услуги од областа на сообраќајот
Услуги од областа на образованието
Други услуги

* 5. Ако одговоривте дека не сте задоволни од услугите кои ги нуди Град Скопје, ве молиме наведете од што не сте задоволни.
Одговорете само за услугите кои ги имате користено.  

  Достапност на информацијата Јасно презентирани информации Точност на информации Навремено информирање за дополнителни барања Исполнување на барањето во законски рок Комуникацијата со надлежните лица
Даночни услуги
Имотни услуги
Автотакси лиценци
Услуги од областа на угостителството
Услуги од областа на урбанизам и градежно земјиште
Услуги од областа на животна средина
Услуги за уредување на просторот и зеленилото
Услуги од областа на социјална заштита
Комунални услуги
Услуги од областа на сообраќајот
Услуги од областа на образованието
Други услуги

* 6. Дали до сега ја имате користено услугата Граѓанска иницијатива – Пријави проблем достапна на официјалниот веб портал на Град Скопје - www.skopje.gov.mk?

* 7. Дали до сега сте доставиле некаква иницијатива за подобрување на услугите на Град Скопје или идеја за проект до Град Скопје?

* 8. Доколку имате доставено некаков предлог до Град Скопје на каков начин тоа сте го направиле?

* 9. Што Вие мислите дека Град Скопје може да направи за да ги подобри своите услуги?

* 10. Ваше гледиште во поглед на Центарот за иновации во Град Скопје

Report a problem

T