Целта на оваа јавна консултација е да се соберат коментари, предлози и стручни мислења во врска со нацрт ажурираниот национален имплементационен план (НИП) за перзистентните органски загадувачи (POPs) согласно Стокхолмската конвенција во Република Северна Македонија.
Овој Прашалник е подготвен како структуриран алат за олеснување на процесот на собирање коментари и стручни придонеси за нацрт НИП за редукција и елиминација на POPs. Со негово пополнување, засегнатите страни се поканети да дадат повратни информации за одделни делови од документот, да предложат дополнителни или ажурирани податоци, да укажат на национални или локални прашања поврзани со POPs, како и, по потреба, да предложат подобрувања и појаснувања.