Анкетен лист за испитување на јавното мислење на граѓаните при подготовка на Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП) за Општина Гази Баба

Почитувани сограѓани,

Општина Гази Баба започна со изработка на стратешки документ од областа на животната средина - Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП) за Општина Гази Баба за периодот 2027-2032 година. Преку овој документ ќе се идентификуваат актуелните предизвици и притисоци врз животната средина и ќе се предложат соодветни мерки и решенија за нивно надминување.

Вашето мислење и искуство се од големо значење во процесот на подготовка на ЛЕАП. Особено ни е важно да дознаеме како Вие ги чувствувате еколошките проблеми и кои природни и еколошки вредности ги препознавате во вашата општина.
Ве повикуваме искрено да го пополните анкетниот прашалник и со тоа активно да придонесете во креирањето на поодржлива, поздрава и поквалитетна животна средина за сите.
Основни податоци за анкетираниот
1.Пол
2.Статус
3.Урбана заедница:
4.Возрасна група
5.Образование:
Анкетни прашања
Со кои проблеми се соочувате и ги сметате за најсериозни во однос на животната средина во Вашето населено место?

Ве молиме наведете ги Вашите забелешки, проблеми и предлози за секоја од следните области
Воздух - загадување и квалитет на воздухот
6.Наведете ги Вашите забелешки и проблеми
7.Наведете ги Вашите предлози за решавање на проблемите
Водоснабдување - проблеми со водоснабдување во руралните предели на општината и друго
8.Наведете ги Вашите забелешки и проблеми
9.Наведете ги Вашите предлози за решавање на проблемите
Одведување на отпадни води - проблеми со одведување на комунални отпадни води и друго
10.Наведете ги Вашите забелешки и проблеми
11.Наведете ги Вашите предлози за решавање на проблемите
Одведување на отпадни води - проблеми со одведување на индустриски отпадни води и слично
12.Наведете ги Вашите забелешки и проблеми
13.Наведете ги Вашите предлози за решавање на проблемите
Отпад - неправилно постапување со отпад, недоволна инфраструктура, ниска свест, итн.
14.Наведете ги Вашите забелешки и проблеми
15.Наведете ги Вашите предлози за решавање на проблемите
Бучава - зголемено ниво на бучава, непреземање на мерки за заштита од бучава, итн.
16.Наведете ги Вашите забелешки и проблеми
17.Наведете ги Вашите предлози за решавање на проблемите
Природа и биодиверзитет - неконтролирано сечење на дрва, недостаток на доволно зелени површини за рекреација, недостаток на заштита на биодиверзитетот и друго
18.Наведете ги Вашите забелешки и проблеми
19.Наведете ги Вашите предлози за решавање на проблемите
Сообраќај - лоша покриеност и недоволна фреквенција на јавниот превоз, сообраќаен метеж, стар возен парк, недоволна велосипедска инфраструктура и друго
20.Наведете ги Вашите забелешки и проблеми
21.Наведете ги Вашите предлози за решавање на проблемите
Урбан развој - бесправно, непланско градење и ширење на урбаните населби, преголема урбанизација на просторот, недостаток на зелени површини, урбано зеленило, детски игралишта и друго
22.Наведете ги Вашите забелешки и проблеми
23.Наведете ги Вашите предлози за решавање на проблемите
Потрошувачка и заштеда на енергија - користење на цврсти горива во домаќинствата и индустријата, возила со лошо согорување, неизолирани објекти/куќи, користење на стари, неефикасни машини и апарати за домаќинство, енергетски неефикасно осветлување и др.
24.Наведете ги Вашите забелешки и проблеми
25.Наведете ги Вашите предлози за решавање на проблемите
26.Наведете ги Вашите забелешки и проблеми
Влијание од климатските промени врз здравјето на населението, безбедноста на живеењето, уништување на имоти, инфраструктура и друго - топлотни бранови/високи температури, поплави, интензивни врнежи, ерозија на земјиште, суши, невреме со јак ветар и град
27.Наведете ги Вашите предлози за решавање на проблемите
Еколошко-културен туризам - недоволна туристичка промоција на значајни природни ресурси, како на пример Парк шумата Гази Баба, археолошки наоѓалишта и слично
28.Наведете ги Вашите забелешки и проблеми
29.Наведете ги Вашите предлози за решавање на проблемите
30.Колку сте задоволни од активностите и мерките што ги презема локалната самоуправа за заштита и унапредување на животната средина во Вашето населено место? Најбројте неколку примери.
31.Набројте три приоритетни мерки што според Вас треба да се преземат за подобрување на состојбата со животната средина, ефикасното користење на енергија и климатските промени во Вашето населено место.
32.Кое природно и/или културно наследство (шуми, паркови, зелени површини, односно археолошки локалитети, споменици, верски објекти и традиционална архитектура) во Вашето населено место, како и на подрачјето на Општина Гази Баба спроед Вас треба да биде подобро заштитено и зачувано?
33.Како Вие би можеле да придонесете за подобрување на состојбата со животната средина во општината/населеното место во кое живеете или работите?
Ви благодариме за соработката и Вашите искрени одговори!